Претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана, но силна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19, а максималната од 26 до 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува осум.
Во Скопската котлина времето ќе биде сончево и топло.
Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно во делови од котлината и во вид на невреме. Ќе дува слаб променлив ветер.
За време на викендот ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер повремено во вид на краткотрајно невреме.
Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.