Сончево и топло време, температури до 36 степени

by Fokus

Сончево и топло време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 14 до максимални 35 степени.

Во текот на неделата ќе се задржи сончевото и топло време, а температурите ќе достигнат и до 39 степени.

Поврзани новости