Медведев: По нападите на САД врз Иран, некои земји се подготвени да му испорачаат нуклеарно оружје на Иран

by Fokus

„Повеќе земји се подготвени директно да го снабдат Иран со своето нуклеарно оружје“, рече Медведев.

Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп требало да биде миротворец, но дека започнал нова војна.

Нагласи дека „апсолутното мнозинство земји во светот се против постапките на Израел и САД“.

„Со таков успех, Трамп никогаш нема да ја види Нобеловата награда за мир, дури и покрај подмолноста на оваа номинација. Добар почеток, честитки, господине претседателе“, рече Медведев.

Според него, по нападот врз Иран, САД се нашле вовлечени во нов конфликт што може да доведе до копнена интервенција. Медведев е уверен дека Иран ќе ја продолжи својата нуклеарна програма по нападите на САД и дека клучната инфраструктура не е сериозно оштетена.

„Што постигнаа Американците со нивниот синоќешен напад врз три точки во Иран? Клучната инфраструктура на нуклеарниот циклус, очигледно, не е оштетена или е оштетена само малку“, рече Медведев.

Тој посочи дека збогатувањето на нуклеарни материјали и идното производство на нуклеарно оружје ќе продолжат.

Поврзани новости