Сончево и топло време, температурата до 43 степени Целзиусови

by Fokus

На територијата на Макединија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, а во доцните попладневни часови ќе има услови за мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, поизразен во североисточните делови.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) повторно ќе биде висока 10.

Утринските температури се движат од 12 во источните планински области до 21 од северозападните преку централни до крајниот југ.

Максималните дневни, пак, соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 35 и 43 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температуата ќе достигне 41 степен.

Поврзани новости