Сончево и топло време, температурата до 37 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува до 40 степени.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Поврзани новости