Сончево и топло време со температури до 29 степени

by Fokus

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала од умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од пет до 12 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде, исто така, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура во главниот град ќе биде 8, а максималната дневна до 28 Целзиусови степени.

Според УХМР и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Утре претпладне се очекува зголемување на облачноста, со услови за слаб локален дожд и благ пад на дневната температура.

Поврзани новости