Сончево и топло време, со температури до 18 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Минималните температури ќе се движат од -4 до 1 степен, а максималните дневни температури ќе достигнат од 10 до 18 степени.

Маглата ќе се спушти и во скопската котлина и ќе придонесе за намалување на температурата. Во Скопје минималната температура ќе биде -2 степени, а во текот на денот највисоката температура ќе достигне до 10 степени.

Поврзани новости