354
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје и во околината сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.
Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.