Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје и во околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Следува период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер.

Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст.

Поврзани новости