Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до утре ќе се задржи стабилно и топло време за овој период од годината.
Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер.
Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови.