Денеска во Македонија ќе продолжи да преовладува сончево и многу топло време, но со благ пад на температурите и со мала до умерена локална облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 8.
Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност.
Температурата ќе достигне до 39 степени.
Додека пак во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
За време на викендот и почетокот на следната недела на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.