Сончево и топло време, попладне можна нестабилност со краткотраен дожд

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

И во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури се движат од 7 степени на повисоките места, до 14 степени на југозападот од Македонија. Максималните температури ќе се движат во интервалот од 18 до 29 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до 27 степени.

Поврзани новости