243
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. За попладне се најавува локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 18 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Температурите ќе се движат од минимални 15 до максимални 35 степени.
Во наредните денови ќе следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.