451
Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска претпладне во Македонија, а веќе попладне се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните планински делови.
Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а максималните од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје слично време со услови за дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде 17 степени, а максималната ќе достигне до 34-тиот степен.
Нестабилно со дожд и грмежи ќе биде и во вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето.