Сончево и топло време

by vlatko 07:57
07:57

Сончево и топло време се очекува денес во Македонија, со температури кои на некои места ќе достигнат до 18 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Минималните температури наутро ќе се движат од -2 до 5 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 0 степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Според најавите на метеоролозите, утре и во понеделник претпладне ќе има променливо облачно и малку посвежо време со појава на слаби локални врнежи од дожд.

Од вторник се очекува стабилизирање на времето и период на претежно стабилни временски услови, но со можност за појава на утринска магла по котлините.

Слични вести