Скопјанка пријавила дека поранешниот партнер ја демнел

by vlatko 23:29
23:29

Триесет и еднa годишна скопјанка пријавила во полиција дека во текот на минатата година, нејзиниот поранешен партнер од Гостиварско ја следел и ѝ се заканувал, а исто така и ѝ го оштетил автомобилот, на кој претходно поставил и уред за следење, соопшти МВР.

„На 05.03.2026, 31-годишна жена од Скопје пријави дека нејзиниот поранешен партнер З.А. од гостиварско, во текот на 2025 година и упатувал закани преку мобилен телефон и преку апликација на социјална мрежа.

Според пријавеното, на пријавителката и било оштетено и патничкото возило, а тој ја следел ѝ се заканувал, а имал поставено и уред за следење на нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Слични вести