Сончево и топло време

by Фокус

Денес во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголеми.

Ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Највисоките дневни температури ќе бидат во интервалот од 8 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне има појава на магла, во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема од пладневните часови.

Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата ќе достигне до 15 степени.

Поврзани новости