Сончево и топло во текот на денот, слаба утринска магла во некои котлини

by Fokus

По одделни котлини утрово ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 28 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и релативно топло време за овој дел од годината со сончеви периоди во текот на денот.

Утре (петок) ќе има зголемена облачност и услови за повремен локален дожд со појава на ретки грмежи, а во сабота ќе дува засилен до силен претежно северозападен ветер.

Поврзани новости