153
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи и засилен ветер. Утре, а особено в сабота ќе дува засилен југозападен ветер, а потоа со северен ветер се очекува позначително опаѓање на температурата.