Сончево и топло со температури до 38 степени

by Fokus

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

“Во петок на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

За време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопштија од УХМР.

Поврзани новости