Сончево и топло со температура до 41 степен Целзиусов

by Fokus

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

УВ индексот ќе биде 8, соопштуваат од УХМР.

Во Скопје и во околината сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Синоптичарите најавуваат дека од денеска и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Поврзани новости