Сончево и топло, со температура до 35 степени

by fokus

Сончево и топло време прогнозираат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови од земјата засилен ветер од северен правец кој ќе достигне брзина од 60 километри на час.

Наутро температурата ќе биде од 11 до 22 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи во интервал од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 17 степени наутро до 33 степени во текот на денот.

За утре се прогнозира сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер и со температура до 38 степени.

Поврзани новости