Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/ч).
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 23 степени.
До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени и ќе дува засилен јужен ветер (над 60 km/h).
В среда попладне во текот на ноќта и в четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.
Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок и в сабота, а в недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.