Сончево и топло со максимална температура до 39 степени

by irena 07:24
07:24

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе достигне до 39 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде од 12 до 22 степени, а максималната од 32 до 39 степени.

Во среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а максималната од 30 до 38 степени.

Слични вести