Сончево и топло преку ден, навечер со пороен дожд и грмежи

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од југозападен правец. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се најавува дека во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. УВ-индексот денеска ќе биде 8. Утринската температура ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 26 до 38 степени.

Во Скопје, во прогнозата на УХМР, се вели дека во текот на денот времето ќе биде сончево и многу топло, а во ноќните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата во текот на денот ќе се искачи до 36 степени.

За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. УВ-индексот ќе биде 6. И во Скопје утре ќе има променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено претпладне. Температурата утре наутро ќе биде од 10 до 21 Целзиусов степен, а попладне од 19 до 37 степени.

Поврзани новости