Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток и во петок.

Поврзани новости