360
Денеска во земјава повторно се очекува нестабилно време.
Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Температурите ќе се искачат до 29 степени Целзиусови.
Во Скопје и во околината претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите ќе се искачат до 26 степени.