Сончево и топло време со мала до умерена облачност се најавува во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во текот на денот ќе дува и слаб ветер претежно од јужен правец, а во попладневните часови се очекува да има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе биде од 11 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 25 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе биде од 15 до 36 степени.
Според прогнозите на УХМР, од утре ќе следува период на променливо облачно време кое на повеќе места ќе биде проследено со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога на некои места ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.