Сончево и топло, од утре дождливо

by Fokus

Сончево и топло време нè очекува денеска во земјава. Ќе има мала до умерена, претежно висока облачност, и ќе дува слаб јужен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 Целзиусови степени, а максималните од 18 до 28 степени.

Во Скопје и во околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 12 до максимални 24 степени.

За утре од УХМР најавија променливо облачно време со услови за дожд, особено во попладневните часови.

Поврзани новости