Сончево и топло

by fokus

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Вредноста на ултервиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8.

Утринските температури се движат од 11 до 19, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 29 и 37 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 36 степени.

Поврзани новости