Сончево и студено време

by Фокус

Денеска изутрина ќе преовладува студено време, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 12 во Берово до – 6 Целзиусови степени во Дојран, а максималните дневни од нулата на Попова Шапка до 8 во Дојран.

Утрe времето ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови со локални врнежи од дожд, на планините и во повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од – 9 до – 5, а максималните од 4 до 9 Целзиусови степени.

Поврзани новости