Сончево и студено со температури до -18 степени Целзиусови

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Во утринските часови ќе биде многу студено, а по одделни котлини ќе има појава на магла, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Утринските температури ќе бидат од минус 18 до минус 6 степени, а во текот на денот од минус 3 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје, според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде наутро студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Наутро температурата ќе биде минус 11 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 степени.

Поврзани новости