Сончево и многу топло време, викендов дожд

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со максимални температури до 42 степени. УВ индексот ќе изнесува 10. На некои места во попладневните часови ќе има умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло, минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната температура ќе достигне 41 степен.

И следните денови ќе биде сончево и топло со максимални дневни температури над 30 степени, а на некои места ќе надмине и 40 степени.

До петок ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури, а за време на викендот, особено во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура постепено ќе опаѓа.

Поврзани новости