Сончево и многу топло време со температура до 41 степен

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен.

УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Поврзани новости