Сончево и многу топло време

by Фокус

Во Македонија денес ќе преовладува претежно сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност.

Утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 22, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 39 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 38 степени.

Поврзани новости