Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Во прогнозата од Управата за хидерометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во попладневните часови, претежно во западните делови од земјата,ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе биде од 14 до 21 Целзиусов степен, а во текот на денот од 31 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 9.
Сончево и многу топло време со мала облачност е прогнозата за денес во Скопје. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската темпертура ќе биде 19, а дневната ќе се искачи до 38 степени.
За утре се прогнозира дека ќе има сончево и многу топло време, а во попладневните часови се очекува мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје и утре ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре ќе биде од 31 до 41 Целзиусов степен.