Сончево и многу топло, температурата до 40 степени Целзиусови

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

УВ индексот ќе биде 9, известуваат од УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Синоптичарите информираат дека под влијание на многу топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на седмицата времето ќе биде претежно сончево и многу топло.

Особено топло ќе биде до среда кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Поврзани новости