Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 40 степени. UV=9
Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, особено денеска кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Поголема промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и значителен пад на температурата се очекува во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура.