Сончево и многу топло со температура до 39 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови од државава ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопштија од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

Од УХМР најавуваат дека во наредните денови следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе достигнува и 40 степени.

Поврзани новости