Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност

by Fokus

Времето денеска во државата ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.

Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.

Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Во деновите од викендот, како што информираат од УХМР, ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност.

Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Поврзани новости