376
Сончево и многу топло, предвидуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Според прогнозата ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде 10.
Минималните температури ќе се движат од 15 до 22 степени, а максималните од 30 до 41 степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.