419
Времето во Македонија денеска ќе продолжи да биде многу топло со натамошен раст на температурите. Ќе има мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Индексот на ултравиолетово зрачење (UV) ќе има висока вредност 10.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 18 и 22 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 30 степени на повисоките места во западните предели, па се до 43 Целзиусови степени на крајниот југ.
Во Скопје и во околината ќе биде многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 38-от степен.