413
Сончево и многу топло ќе биде времето денес. Синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат дека ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде 10
Минималните температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а максималните од 28 до 40 целзиусови степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.