Сомнителна торба фрлена кај рускиот конзулат во Сиднеј

by Fokus

Непознат маж фрлил сомнителна торба на територијата на Генералниот конзулат на Русија во Сиднеј, а по истрагата било утврдено дека содржината на чантата не претставува никаква закана и конзулатот продолжил со работа, соопштија од руската дипломатска мисија за агенцијата ТАСС.

Како што се наведува, непознато лице се приближило до оградата на Генералниот конзулат на Русија во Сиднеј околу 11 часот по локално време и фрлило спортска торба преку неа.

„Вработените во генералниот конзулат веднаш повикале полиција и од безбедносни причини ги прекинале посетите на граѓаните“, соопшти руската дипломатска мисија.

Полицијата ја блокирала улицата и повикала специјалци за понатамошна истрага.

Утврдено е дека содржината на чантата не претставува никаква закана.

Поврзани новости