ВМРО-ДПМНЕ искажува сомневање дека синоќешниот пожар во бараките на јавното комунално претпријатие Улици и патишта – Скопје е намерно подметнат.
„Утринава се случи четврт пожар во државна институција. Пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, министерството за правда. Во сите четири институции запалени меѓудругото се и документи од институциите. СДСМ пироманска да одговори дали ваквите пожари не се дел од смислено сценарио за уништување на документација, за можен криминал во работењето на овие институции“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваков сомнеж изкажа и независната советничка во Град Скопје Драгана Велковска, која на фејсбук напиша:
„Истите финти со децении – „изгоре цела документација“ пошто се сменила власта. Ваквите постапки покажуваат дека сите сте исти! Исто крадете додека сте на власт, исто очајнички се обидувате да си ги покриете криминалите кога ќе паднете. Па уште Шилегов бил во игра за Министерство за транспорт…“