Солза Грчева: Оваа Влада не води во Африка!

by Fokus

Претседателот на „Глас за Македонија“, Солза Грчева упати критики кон актуелната Влада раководена од СДСМ. Како што се вели во соопштението на „Глас за Македонија“, оваа Влада е штетна и корумпирана и не може да ја однесе државата во ЕУ.

„Оваа Влада, покрај коруптивниот процес за уставни промени, не се срами да ги корумпира сите јавни институции со додатни партиски вработувања, сега воведувајќи заменици директори во секоја институција.

Тоа е партијата, која во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ гласно реагираше на многубројната администрација која беше злоупотребувана најмногу во време на избори. Сега оваа Влада, во пресрет на избори, избезумено вработува непотребни партиски кадри со народни пари, во услови кога се живее се посиромашно, а економијата е во слободен пад.

Таа е партијата која отворено лажеше дека ќе изврши реформи токму и во јавната администрација.

Граѓаните треба да бидат свесни дека најголема корупција се токму непотребните и по правило, партиски вработувања. Тоа се заробени институции, против кои кога партијата беше во опозиција, божем се бореше.

Оваа Влада е штетна, неодговорна и корумпирана. Најмалку од се, ваква Влада може да не однесе во ЕУ. Со неуставен Закон за амнестија, со измени во Кривичниот законик само за намалување на казните за поткуп на пратениците, со масовни вработувања во администрацијата, оваа Влада не води во Африка и никако кон модернизација и благосостојба“, се вели во соопштението на оваа партија.

Поврзани новости