521
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето интервју за ТВ Сител пред неколку дена, испрати остри критики кон бојкотирачите на референдумот. Тој ги нарече „гласно малцинство со чиста идеја, кое некој го контаминирал со лажица фекалии“.
Солза Грчева и нејзината партија се најдоа засегнати во коментарот на Мицкоски, а таа веднаш му возврати.
„Изјавата на Мицкоски е израз на тотална блокада и дезоријентираност. Му сметала изворската вода во бурето, загадена со лажица фекалии. (.????)Тоа сме сите ние кои јасно повикуваме на бојкот.
Од другата страна има буре со фекалии (договорот) до врв полно.
Изборот е негов!“, рече Грчева.