Соколов: На Мијалков и Тодоров диригент им е Заев!

by fokus

По зачестените прозивки од сегашни и поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да си даде оставка од позицијата претседател, Иван Соколов, секретар за дијаспора и координација со Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ, застана во негова одбрана.

-Очигледно ваквите хорски напади кон ВМРО-ДПМНЕ, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски имаат еден диригент а тоа е Зоран Заев.

Исто така очигледно е што ваквите напади доаѓаат во време кога ВМРО-ДПМНЕ прави напори за обезбедување на мнозинство во парламентот што очигледно укажува дека мотивите зад сето тоа се шансите за тоа, мали или големи да бидат упропастени.

Клиентелистите во политиката и слугите на Зоран Заев служат за димна завеса да ги покријат неуспесите и да го отргнат вниманието од вистинските фијаска кои секојдневно и се случуваат во реалноста. Убеден сум дека сите оние слуги на Заев уцените и клекнати на колена кои мора сега да одработуваат за него по кампањата добиваат име и презиме. Е сега вистинското прашање е каде беа овие три години да кажат збор за штетните политики на Заев, а во исто време се подготвени гласно да коментираат за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ. За нив ова не е никаква борба за принципи, туку борба за спас на криминално стекнатото богатство и купување на слободата.

Интересно е како “доктор смрт” и “главната глава на режимот” станаа најпосакуваните ликови на Зоран Заев. Имено ќе потсетaм дека господинот Мијалков со државна плата дојде до супер луксузен хотел во центарот на Скопје. Интересно е да одговори која е таа сила која му овозможува закрила и мистериозно ги става во фијока сите предмети кои се отворија против него?! Дали тоа што е најдобар другар со Вице Заев му овозмозува купување на слободата. И да не ја залажува јавноста, на Мијалков му е важно ЕУ и НАТО, колку што на Пабло Ескобар му биле важни демократијата и принципите. Добро е што со ваквите хорски напади под дирегентската палка на Заев се последниот крик на печалбарите во политиката и што ВМРО-ДПМНЕ се прочистува од неславниот багаж зад себе, пишува Соколов на фејсбук.

Поврзани новости