Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) соопшти дека Прв скопски извиднички одред е привремено суспендиран, а конечна одлука во однос на евентуалните дисциплински мерки ќе донесе Собранието на СИМ врз основа на резултатите од преземените дејствија за истражување на случајот.
„СИМ има целосна доверба во сите надлежни државни органи и институции и им дава целосна поддршка во насока на расветлување на настаните. Истовремено, во тек е и интерна истрага во која се вклучени лица од Сојузот и независни професионалци, со цел утврдување на евентуални прекршувања на интерните акти, правила и вредности на СИМ“,
се вели во соопштението.
Сојузот на извидници ги повикува членовите да пријават доколку се почувствувале небезбедни при одредени активности
Од Сојузот апелираат до медиумите да известуваат професионално и според новинарскиот етички кодекс за овој случај, а не да се пласираат непроверени и сензационалистички содржини.