Сојузот на борците од НОАВМ за интервјуто на Заев: Очекуваме премиерот да се огради од изнесените ставови

by fokus

Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и членовите продолжувачи се изненадени од, како што велат, неодмерените квалификации на премиерот Зоран Заев, изнесени во интервјуто дадено на бугарски медиум.

-Како учесници во најсветлиот дострел на вековната борба на македонскиот народ за своја слобода – НОБ, се чувствуваме навредени од омаловажувањето на нашата борба. Погодени сме што со тоа се врши ревизија на општоприфатената оцена од светската историја за Втората светска војна.

Очекуваме премиерот да се огради од изнесените свои ставови, се вели во соопштението на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните подржувачи.

Поврзани новости